Пиротехниката причина за пожарот во „Пулс“ – дискотетката често организира такви настани

Првичните резултати од истрагата потврдуваат дека несоодветната употреба на пиротехника го предизвикала пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој синоќа однесе повеќе од 50 животи.

„Одете надвор! Одете надвор, па ќе се вратиме!“ – им велеше Панчо од ДНК на публиката во обид да спречи паника откако првите пламени се појавија во преполната сала. На снимките се гледа како огнот брзо се шири над рефлекторите, додека атмосферата за миг се претвора во хаос.

Кога се запалила и кровната конструкција, избувнала вистинска паника. Во моментот на трагедијата, во дискотеката имало околу 1.500 посетители.

Според информациите дискотеката често организирала вакви настани.

Зачлени се на нашиот е-билтен