Пивоваров: Секое прислушкување остава трага и може да се докаже

Владимир Пивоваров, Фото: Цивил Медиа

Секое прислушкување остава трага и може да се докаже, особено со последните законски измени кои јасно ги поделија надлежностите меѓу Агенцината за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за разузнавање (АР), Оперативни техничката агенција (ОТА), МВР, како и Царинската управа и Армијата на Македонија, кои имаат законска рамка да следат електронски комуникации.

Ова за Рацин.мк го посочува Владимир Пивоваров, поранешен универзитетски професор по безбедност, шеф на македонското разузнавање и дел од групата за подготовка на реформите и законската рамка за безбедносните служби по скандалот со мамсовното прислушкувањето од страна на УБК.

Тој вели дека како што сега се поделени надлежностите и обврските во системот на безбедносните служби кои имаат законска можност да следат елекронски комуникации, невозможно е да не остане трага, доколку наредбата за следење се спроведува според законот.

Пивоваров потсетува дека ОТА во системот е едниствена која има технички можности да се „приклучи“ на некој телефон или друг систем за електронска комуникација кај корисниците на услугите на телеком операторите. Но, вели Пивоваров, ОТА тоа не може да го направи „на своја“ рака без налог на АНБ, АР, МВР или било која друга служба, ако за тоа нема наредба од Основното јавно обвинителство или судот.

„АНБ нема директна комуникација со мобилните оператори. Говорам за електронско следење. Во Клучот за да влезе таму има само ОТА. А ОТА без да добие званичен писмен документ нема шанса да „влезе“ во мобилниот оператор. И кога ќе “влезе“, со наредба, ОТА не може содржината да ја, ја публикува, односно да види што е суштината на тој разговор. Содржината на „снимената комуникација“ ја добива само онаа агенција која, по претходно одобрување на ОЈО или на судот, побарала следење на електронската комуникација“, појаснува Пивоваров.

Поворавов појаснува и во однос на класифицирањето на документите што се оформуваат за време на спровесувањето на посебните мерки како што е следењето на комуникациите.

„Во член 14 од Законот за класифицирани информации, создавачот на класифицираната информација има единствено ексклузивно право и никој друг, таквата да ја декласифицира. И добро е што одредени пратеници во парламентот бараат целосна деколасификација за навистина се утврди дали во случајот се работи за политички пиар во предизборјето или пак се работи за вистинско следење незаконско на комуникации“, истакнува Владимир Пововаров.

Слична е постапката и во однос на физичкото следење, вели за Рацин.мк Пивоваров и појаснува дека и тоа е мерка за која е неопходна дозвола од надлежните институции, значи претходно и тоа се евидентирано во писмени званични документи.

„Може секој да каже сè и сèшто. Материјалните докази се тие кои ја зборуваат вистината и тој што изнесува такви тврдења е должен да ги објави. И добро е што одредени пратеници во парламентот бараат целосна декласификација за навистина се утврди дали во случајот се работи за политички пиар во предизборието или пак се работи за вистинско незаконско следење“, нагласува Владимир Пововаров во разговорот за Рацин.мк.

Зачлени се на нашиот е-билтен