Платите се од 1.800 до 3.000 евра, која е новата ветена земја за Македонците?

Над 22.000 Македонци минатото лето заминале на привремна работа во странско, или сезонски мигрирале колку еден помал град. Најчеста дестинација им е Хрватска, каде ангажирани биле 15 илјади лица. По неа, следува Германија, па Италија, но и Словенија. Работат во угостителство и градежништво. Одат за да зароботат, иако парите кои ќе им останат не се многу, велат од агенциите за посредување при вработување.

Проблемот, според агенциите е што 10 % од сезонците сакаат да мигрираат во земјите каде што работат. Годишно околу 5.000 лица бараат начин како да ја напуштат државата. Се соочуваме со сериозен проблем да останеме без работна сила, а земјава нема стратегијаа како да ги задржи работниците.

– Тоа се семејни лица кои сакаат трајно да ја напушатат државата. Ако се мултиплицираат бројките од изминатите години се доаѓа до бројка од над 120 илјади лица кои изминативе 10 години ја напуштиле земјава, велат од агнециите.

Според економистите решението за недостиг од кадар не треба да се бара во увоз на работници, затоа што најголем дел од тие лица, земјава ја гледаат како отскочна даска за влез во некоја европска држава.

За да останат дома, како што појаснуваат прво работодавачите треба да ги зголемат платите за 20 до 30 осто, а реалната просечена плата не треба да биде пониска од 750 евра, а минималната колку што бара Синдикатот – најмалку 500 евра.

Македонците го менуваат курсот – Словенија станува новата ветена земја

Сè повеќе македонски работници ја напуштаат Хрватска и се насочуваат кон Словенија, која со новите законски измени нуди побрзо добивање работни дозволи и подобри услови. Во исто време, Германија значително ја намали квотата за работници од Балканот, што дополнително ги пренасочува македонските работници кон други дестинации.

Македонците традиционално работеа во Хрватска, но поскапувањето на животот, зголемената конкуренција и ограничувањата во дозволите за работа ги принудија да бараат нови можности.

Словенија, со силен економски раст и недостиг на работна сила, воведе олеснети процедури за вработување странци. Сезонските работници од Македонија полесно добиваат дозволи за работа, а многу компании нудат дополнителни бенефиции.

Во градежништвото, транспортот, логистиката и угостителството, платите се движат од 1.800 до 3.000 евра, зависно од искуството и позицијата.

Како до работа во Словенија?

Агенциите за посредување потврдуваат дека процедурата за добивање работна дозвола е значително поедноставена. Доволно е македонски работник да има понуда за работа од словенечки работодавач, по што следува брза постапка за издавање виза.

Додека Словенија привлекува сè повеќе македонски работници, Германија ја преполови квотата за работници од Балканот – од 50.000 на 25.000 годишно.

Оваа одлука доаѓа во време на економска нестабилност, рецесија и промени во политиките на новата германска влада, која се фокусира на ограничување на имиграцијата.

Дополнителен фактор е и значителниот број Украинци кои добија право на престој и работа во Германија, што влијаеше на намалената потреба од работници од Балканот.

И покрај намалените квоти, македонските граѓани сè уште можат индивидуално да аплицираат за работа во Германија, доколку работодавач обезбеди потврда дека нема домашни или ЕУ работници за одредената позиција.

Синдикатите и деловните здруженија предупредуваат дека ова ограничување може да предизвика недостиг на работна сила во градежништвото, угостителството и негата.

Со намалените можности за работа во Германија и зголемените трошоци за живот, дел од македонските работници веќе размислуваат за враќање во земјата.

Во овој динамичен пазар на труд, Словенија се појавува како нова можност за заработка, додека Германија повеќе не е сигурен избор. Македонските работници ќе мора внимателно да ги следат трендовите и да се прилагодат на новите реалности.

Германија е особено популарна дестинација. Во оваа земја моментално живеат 222.000 луѓе со македонско потекло, 68.000 повеќе од пред две години. Според германската амбасада во Македонија, бројот на барања за визи е зголемен за една третина од 2021 до 2022 година. Ваквиот развој на настаните е погубен за економската и демографската состојба за нашата земја. Во странство веќе живеат 700.000 Македонци, што е околу една третина од целото население.

Зачлени се на нашиот е-билтен