Просечната месечна нето плата по вработен во октомври 2024 година изнесува 42.134 денари, што претставува зголемување од 8.5% во однос на истиот месец минатата година, според податоците од Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на платата е најмногу забележано во секторите Уметност, забава и рекреација (11.5%), Информации и комуникации (10.7%) и Образование (10.6%).
Во однос на претходниот месец, најголемиот раст на просечната месечна нето плата е во секторите Дејности во врска со недвижен имот (7.5%), Образование (5.0%) и Градежништво (3.1%).
Просечната месечна бруто плата по вработен за октомври изнесувала 63.392 денари.