По два дена борба за живот почина тинејџерот што се качи на вагон во Кисела вода

Тинејџерот, кој се здоби со тешки изгореници од струен удар додека на 16 јануари се качувал на ваго – цистерна на железничка станица во Кисела Вода, вчера попладне почина, и покрај напорите на медицинските тимови да го спасат, објави МТВ.

17-годишникот од Волково беше примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со сериозни телесни повреди, а лекуван е од специјалисти од пластична и торакална хирургија.

Истражните органи се уште истражуваат зошто малолетникот решил да се качи на паркиран вагон, но неофицијално веројатно имал намера да сними Тик-ток видео или да учествува во меѓуврснички предизвик.

Психолозите предупредуваат на опасностите од ваквите предизвици и истакнуваат важноста на информираноста за последиците по здравјето. Во сличен случај во 2022 година, 17-годишна девојка од Маџари доживеа тешки изгореници од струен удар, а пред две години пак 14-годишно девојче загинало во обид да сними Тик-ток видео на сличен вагон.

Зачлени се на нашиот е-билтен