Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста ќе изврши Армијата како дел од протоколарните обврски за одбележување на празници, во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста.
Пробната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во касарната „Илинден“ во 18 часот со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
– Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември, информираа од Генералштабот на Армијата.