Февзи Арифи, возач во ЈСП кој во јули го привлече вниманието на јавноста по несреќата со двокатен автобус кај ТЦ „Мавровка“, почина, пренесе „Скопје1“. Арифи тогаш јавно предупреди дека на терен се пуштаат неисправни автобуси, изјава што предизвика значителен одек.
Колеги на Арифи го опишуваат како професионалец, но и како личност која била под голем стрес по несреќата. Тој тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на воланот, а обвинувањата за негова вина ги доживувал како голема траума.
Обвинителството побара вештачење за техничката исправност на автобусот, но досега нема информации за резултатите од истрагата.