Полицајците беа брутални и не малтретираа, се жалат таткото и роднините на двегодишното дете што почина од заскитан куршум

полицајците

Онлајн медиумот Рома Прес објави видео снимки од разговори со таткото на Наѓип Аслани, детето што денеска почина заскитан проектил кој го погодил во главата ноќта пред полноќ на 31 декември. Таткото Муше Аслани и роднини на семејството во видеото обвинуваат за полициска бруталност.

На видео материјалите и фотографиите објавени на Рома Прес, се прикажуваат модринки за кои таткото и роднимните велат дека се од бруталните постапки на полицајците што го истражувале случајот.

– Ме малтретираа. Не ме оставија да си го видам синот. Ми ги поткршија рацете, а јас сум опериран на раката, ме оставија на ладно, „не ти е ништо“ ми велеа. Ме прашуваа ‘да не си направил нешто ти’, вели таткото на починатото дете Муше Аслани.

Според него и според изјавите на роднините, веднаш по повредата детето било пренесено во болница, но наместо поддршка, биле приведени речиси сите членови на семејството, а во болничките простории пристигнале и припадници на специјална единица за брзи интервенции.

Денеска Министерството за внатрешни работи излезе со официјално соопштение за двегодишното дете кое почина на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако во главата му заврши метален фрагмент. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со 21-годишната мајка Г.Д. која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен