Полицијата лиши од слобода маж од Берово под сомнение за полов напад врз 12-годишно девојче

полов напад врз 12-годишно девојче

Полицијата лиши од слобода маж од Берово под сомнение за полов напад врз 12-годишно девојче.

На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години” од КЗ.

Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Зачлени се на нашиот е-билтен