Полицијата уапси 8 лица во Брчко – Во куќата на хоророт пронајдени 31 дете

Полицијата вчера во куќа во Брчко пронашла 31 дете на возраст од неколку месеци до 12 години. Шест деца имале хрватски пасоши, кои најверојатно биле документи со истечен рок. Осум лица се уапсени поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе.

Блиц пишува дека постои сомневање дека зад се стои семеен клан познат по тоа што децата ги користат за питачење и кражби.

Децата пронајдени во таа куќа ги чувала жена, нејзиниот син и уште едно лице, а синот на жената наводно работел како судски чувар.

– Наводно, како што се сомневаат, згрижувале деца од семејства чии родители доброволно ги дале на грижа, а некои дури и платиле. Тие потоа, се сомнева, ги обучувале овие деца да питачат и ги подготвувале за заминување во некоја од европските земји. Оттука и неважечките хрватски пасоши, вели соговорникот на Блиц.

Наводно, овој клан им е добро познат на истражните органи на БиХ токму затоа што ги терал децата да питачат. Блиц пишува дека татко, чија сопруга е во Загреб со шест деца, се појавил пред полицијата во Брчко и рекол дека им платил на осомничените да ги чуваат неговите две деца.

Случајот излезе на виделина кога 12-годишно девојче тајно излезе од нејзината куќа за да побара помош. Телеграф јавува дека се уште се трага по родителите на дел од децата пронајдени во куќата. Неофицијалните информации говорат дека родителите ги оставиле децата таму на грижа кога заминале на работа во странство.

Како што објави Klix.ba, портпаролката на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, во изјава за новинарите рече дека истрагата за инцидентот е сложена и вклучува повеќе линии на дејствување и дека се преземаат итни истражни дејствија.

„Во таа насока, под надзор на надлежниот обвинител, полициските службеници од округот Брчко приоритетно ги преземаат сите потребни доказни дејствија, при што е постигната соработка со Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска и Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон, како и неопходната меѓународната соработка на Европол, вели Хукичевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен