Полициска акција во Тетово и Гостивар: Затворени три угостителски објекти, откриени низа неправилности

Во вчерашната полициска акција, спроведена меѓу 10 и 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, контролирани се 16 угостителски објекти (6 во Тетово и 10 во Гостивар).

Притоа, утврдени се повеќе неправилности, поради што ДПИ, ДЗС и УЈП ќе поднесат соодветни пријави. ДПИ, исто така, затвори два објекти во Тетово и еден во Гостивар.

Според денешното соопштение на МВР, акцијата била реализирана од полициски службеници на СВР Тетово и ОВР Гостивар, во соработка со Управата за финансиска полиција, УЈП, Државниот пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, како и градежни и комунални инспектори.

Целта на контролите била сузбивање на нелегални активности во угостителските објекти, вклучувајќи трговија со дрога, посредување во проституција, перење пари, корупција од службени лица поврзани со незаконско работење, како и други криминални дејствија.

Зачлени се на нашиот е-билтен