Вистинска полициска драма се одвивала во Кочани и Штип, каде 28-годишна полицајка со иницијали Ј.Н. од Кочани, со помош на уште една жена, киднапирала 21-годишна колешка од Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, младата полицајка со иницијали М.С., вработена во СВР Штип, била насилно внесена во автомобил и одведена во една населба во Штип. Таму била физички нападната, а целиот инцидент бил снимен.
Полицијата соопшти дека осомничената Ј.Н. е уапсена во неделата наутро во Кочани, а против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосно расчистување и документирање на случајот.
Неофицијално, локалните медиуми објавија дека зад киднапирањето и малтретирањето стојат љубовни несогласувања.