Полицискиот службеник под истрага, газда на „поршето“ казнет

Во врска со видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки во Дебар Маало, Министерството за внатрешни работи информира дека настанот се случил на 22 март 2025 година.

„Возилото беше подигнато од страна на ПОЦ , а СВР Скопје презеде соодветни мерки согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возачот, идентификуван како С.К., доби платен налог“, стои во соопштението на МВР.

Од Министерството додаваат дека возилото не е сопственост на полициски службеник, како што се претпоставуваше од почетните информации. Сепак, во врска со постапувањето на полициските службеници при подигнувањето на возилото, започната е истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

„По завршувањето на истрагата, јавноста ќе биде соодветно информирана“, се наведува во соопштението на МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен