Помпезно отворениот ски Центар Михајлово, „затворен“ за одговори на многу прашања

Советникот во Општина Кавадарци Вуко Мелов, кој воедно е и претседател на општинскиот одбор на СДСМ во овој град, на социјалните мрежи објави дека серија негови прашања поврзани со работата на Ски Центарот Михајлово, кој помпезно беше отворен на почетокот на оваа година, остануваат без одговори од страна на општинските власти и управувачите на ски центарот со кој управува Спортскиот центар „Јасмин“.

Мелов прашува зошто, и покрај тоа што беше претставувани дека дека голем број на посетители ја посетија ски стазата, по неколку илјади на ден, вкупниот приход од продадени карти е од околу 1.100- 1.200 посетители за целата сезона.

Прашањето на кој исто така нема одговор е дали Ски Михајлово изнајмуваше опрема за скијање, или тоа го правеше приватно лице и компанија, и дали има склучен договор со приватно лице за таа работа?

Советникот Мелов прашува дали бачилото, кое е поставено веднаш до стазата, има соодветна документација како објект од траен или од времен карактер и кој стопанисува со бачилото.

Во однос на истото прашање Вуко Мелов прашува дали со бачилот стопанисува Ски Михајлово или приватна фирма и дали има спроведено соодветна постапка за избор на фирма која ќе стопанисува со истиот?

„На сите овие прашања одговор сеуште немаме добиено“, вели во објавата на социјалнитре мрежи советникот во Општина Кавадарци Вуко Мелов.

Зачлени се на нашиот е-билтен