Утрото започна со пониски температури ширум земјава: 5 степени во Крушево и Тетово, 6 во Маврови Анови, 7 во Скопје-Петровец, Лазарополе, Кавадарци и Струмица, 8 во Битола, Претор, Берово и Пожаране, 9 во Гевгелија, 10 во Крива Паланка, 11 во Велес и Охрид, 12 во Штип и Виница, а највисоки 13 степени во Демир Капија.
Денот ќе биде претежно облачен со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните региони, каде локално може да наврнат над 25 литри на квадратен метар.
Ќе дува слаб до умерен, а на места и повремено засилен јужен ветер.
Максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 15 степени, а во Битола се очекуваат до 14 степени.

