Од попладнево, јавниот превоз во Скопје ќе биде прекинат поради недостаток на нафта, соопштуваат вработени во ЈСП „Скопје“. Проблемот произлегува од неплатени долгови кон добавувачот „Пуцко петрол“, кој престанал со испорака на гориво.
Во сообраќај ќе останат само автобусите што користат гас – вкупно 25 возила. Автобусите веќе почнале да се исклучуваат од линиите бидејќи и базите во Автокоманда и Ѓорче Петров немаат резерви на гориво.
„Во понеделникот имаше мала испорака на нафта, но долгот не е платен и повеќе не се носи гориво,“ велат од претпријатието.
Иако ситуацијата ќе остави многу граѓани без превоз за враќање од работа и училиште, од Град Скопје засега нема никакво официјално известување или план за решавање на проблемот.