Од партијата на Венко Филипче информираа дека денеска ќе објави сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во целото бегство и нови „случајности“ кои ќе отворат сомнеж.
-Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство, прашуваат од СДСМ.
Пред два дена Груби легално ја напуштил државата, поминувајќи на пасошка контрола, иако требало да биде спречен бидејќи неговото име било ставено на стоп-листа, односно системот алармирал дека лицето треба да се запре и да не му се дозволи да излезе од државата. Ова беше објавено синоќа од МВР.
Баш кога поминувал Груби, камерите на граничниот премин „Блаце“ не работеле. Оттаму раководителот на смена го прекршил законот бидејќи не преземал мерки иако било пријавено дека камерите на полицајците на граничниот премин не работат оти им се испразниле батериите и патниците од „мерцедесот“, едниот со дипломатска патна исправа како возач и Груби со македонска патна исправа како совозач, ги завел дека пешки ја поминале границата.
Но никој не објаснува како поминало и полициското обезбедување кое го придружувало Артан Груби и каде сега тоа лице.
Во изјавата на Груби беше неведено дека тој заминал приватно на Косово придружувам од полициско обезбедување, додека од МВР демантираат дека тој во таа прилика го користел полициското обезбедување.