Во голем број на родители, членови на семејствата и пријателите на 63-те жртви во пожатот во дискотеката во Кочани и денеска го одржаа протестниот „Марш за ангелите“, 15-ти по ред.
Во тегобна тишина повторно излегоа на улиците на Кочани, за да ја изразат својата болка и нивната заложба борбата за правда.
Пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко на 21-годишниот Томче Стојанов, кој го загуби својот живот во огнената стихија, се обрати во името на останатите.
Стојанов упати остри критики до општинските власти и советниците, обвинувајќи ги за целосна незаинтересираност и за игнорирање на семејствата на жртвите и испрати порака и до политичките партии да не ја користат нивната болка за политички маркетинг.
Непосредно пред почетокот на маршот се огласи и Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, кое во име на семејствата на трагично загинатите деца, испрати јавно соопштение со кое категорично го демантира премиерот Христијан Мицкоски и ја повикува Владата да ја објави целосната видео-снимка од состанокот што се одржал на 7 јули 2025 година, кога тој им рече „да ја одредат цената на нивните деца“.