ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Т. (49) од Кичево, поради сомневање за сторено кривично дело проневера во службата.
Според информациите, во периодот од 8 јули 2021 до 7 август 2024, додека ја извршувал функцијата директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево, пријавениот присвоил ехо-апарат M9 Mindray, донација од Министерството за труд и социјална политика, вреден 2.134.482 денари.
Наместо да го стави во употреба, особено во услови на ковид-пандемијата, ексдиректорот го задржал апаратот за лична корист, се вели во пријавата на кичевската полиција.