Пребарувањето по позитивни практики за воспоставување и раководење на засолништа за жртви на семејно насилство, не донесе до концептот „Портокалова куќа“ е развиен во Холандија. Оценет е како прогресивен пристап за обезбедување засолниште и услуги за поддршка на жртвите од родово базирано насилство и семејно насилство.
Иновативниот пристап на холандската „Портокалова Куќа’ која што „Блијф Груп“ го користи од 2011 година целосно го промени начинот на кој функционираат засолништата. Пристапот подразбира нов вид засолниште за жени и нови методи на работа: „Портокаловата Куќа“ обезбедува засолниште и грижа во безбедна, но отворена и видлива средина, во рамките на заедницата.
„Не тајно, туку безбедно“ е мотото на концептот. Се прекина со традиционалниот пристап „зад затворени врати“ каде што релевантните засегнати страни не беа вклучени во решението. Овој системски пристап се фокусира на социјалниот контекст на семејството и околината и на работа со сите членови на семејството, вклучувајќи го, доколку безбедноста дозволува, и поранешниот или актуелниот партнер/сторител. Пристапот става голем фокус на влијанието на семејното насилство врз децата и на концептот на безбедно родителство по семејно насилство.
Основни принципи на моделот „Портокалова куќа“:
– Посветеноста кон достоинството и автономијата на жртвата. Овој пристап осигурува дека сите услуги се дизајнирани со цел да се почитува изборот и самостојноста на жртвата и се насочени кон создавање безбедност и доверба;
– Моделот нуди поддршка преку задоволување на физичките, емоционалните, социјалните и економските потреби на жртвата, мултидисциплинарниот пристап, со цел да се обезбеди сеопфатна поддршка.
Клучни компоненти на рамката
– „Портокаловите куќи“ се отворени и интегрирани во заедницата, за разлика од традиционалните скриени засолништа. Ова им овозможува нормален живот на жртвите во заштитена околина. Овие засолништа се безбедни, доверливи, прилагодени и за лица со попреченост, а безбедноста се гарантира преку соработка со полицијата и инсталирање на напредни системи за заштита, што ја балансира потребата за видливост со безбедносните ризици.
Сеопфатни услуги за поддршка
– Моделот обезбедува 24/7 итна поддршка, медицинска нега, психолошка помош, индивидуална и групна терапија. Правната помош вклучува поддршка при добивање забрани за приближување, правни совети за старателство и имиграциски прашања.
– Исто така, се спроведуваат програми за економско зајакнување, како што се обука за вработување, финансиска писменост и помош при наоѓање работа и станбено згрижување и се применува иновативен пристап преку уметничка терапија, каде што жртвите добиваат можност да ги изразат своите искуства преку креативни активности.
Зајакнување и развој на вештини
– Моделот ја нагласува важноста на обуките за животни вештини, пристап до формално образование и стручно оспособување. Групи за меѓусебна поддршка и споделување на искуства со цел да се мотивираат едни со други.
Особено е значајна можноста за партиципативно учество во дизајнирањето на услугите, што овозможува услугите да бидат што поефикасни и прилагодени на нивните реални потреби.
Интеграција во заедницата и соработка
– Клучен дел од моделот е партнерството со локални организации, здравствени установи, училишта и невладини организации. Се организираат кампањи за подигање на свеста и волонтерски програми за вклучување на заедницата во поддршка на жртвите, и се нагласува пристапот на мулти институционална соработка, каде што различни институции работат заедно за да овозможат координирана поддршка.
Успешноста на моделот се мери преку број на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство, кои користат услуги, подобрено ментално и физичко здравје, поголема економска независност и намалување на стапката на родово базирано насилство и семејно насилство во заедницата. Интегрираниот пристап води кон повисоки стапки на долгорочна успешна реинтеграција.