Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради официјална посета

Од петок до сабота во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.

Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен