Поскапува дизелот за два денари, останатите горива со иста цена

Од полноќ, дизелот ќе биде поскап за два денари по литар и ќе се продава по цена од 70 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цените на останатите горива остануваат непроменети.

Според новата одлука на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава по 73,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 75,5 денари, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе чини 67,5 денари за литар.

Со оваа промена, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,59% во однос на одлуката од 27 октомври 2025 година.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар – кај дизелот во просек за 4,8%, кај бензините за 2,4%, кај екстра лесното масло за 4,5%, а кај мазутот за 2,6%.

Исто така, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,11%, што исто така влијаело на формирањето на новите цени.

Зачлени се на нашиот е-билтен