Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поскапува струјата за домаќинствата од 1 јануари

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе порасне за 0,92 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Според него, зголемувањето по блокови е различно: во првиот блок изнесува 0,68 проценти, во вториот 0,9 проценти, во третиот 1,93 проценти, во четвртиот 2,24 проценти, додека евтината тарифа ќе биде зголемена за 0,9 проценти.

– Просечно домаќинство со сметка од 2300 денари ќе има дополнителен трошок од 21 денар, изјави Бислимоски на прес-конференција.

Според барањето на ЕВН Хоум, првичната предлог-сума беше зголемување од 4,4 проценти.

– Разликите се минимални, а најголемата корекција ја направивме во делот на факторот на корекција за да обезбедиме ценова стабилност. Со ова, влијанието врз вкупните трошоци на граѓаните ќе биде минимално. Како што ветивме, просечната цена се зголемува за 0,92 проценти, истакна Бислимоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен