Повик од АВМУ до издавачите на онлајн медиуми – интернет портали за упис во регистар

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница го донела Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и апелира тие до Агенцијата да поднесат Пријава за упис во Регистарот.

-На својата 23 седница, одржана на 05.06.2025 година, Агенцијата го донесе Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали, се вели во соопштението од АВМУ.

Агенцијата ги повикува сите издавачи на онлајн медиуми-интернет портали да постапат согласно донесениот правилник, односно да поднесат до Агенцијата Пријава за упис во Регистарот.

-Условите коишто треба да ги исполнат издавачите на онлајн медиуми-интернет портали за да бидат впишани во Регистарот се утврдени во член 5 од Правилникот. Правилникот и Пријавата се објавени на веб страната www.avmu.mk во банерот онлајн медиуми – интернет портали, појаснуваат од АВМУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен