Повикан во полиција мажот кој ѝ се заканувал на градоначалничката Арсовска

СВР Скопје го расчистува случајот со заканите кон градоначалничката на Скопје.

Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на булевар „Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.

Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал, известија од МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Зачлени се на нашиот е-билтен