Тројца млади скопјани се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во петокот, 4 јули, околу 23:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“.
Според информациите од СВР Скопје, во судирот учествувале „рено каптур“ управувано од 20-годишниот Д. И. и „ауди А5“ кое го возел неговиот врсник Е. С. Повредени се возачот на „аудито“ и неговите сопатници, 26-годишниот А. И. и 21-годишниот Е. Б. По укажаната медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, сите се пуштени на домашно лекување.
Полициска екипа изврши увид на местото на настанот, а проценетата материјална штета изнесува околу 200.000 денари. Причините за несреќата се утврдуваат.