Во гаснењето на пожарот се вклучени и два полициски хеликоптери, кои досега исфрлија над 70 тони вода. Според последните информации од терен, еден од двата краци на пожарот, оној меѓу селата Блаце и Чучер, е ставен под контрола, додека вториот сè уште се шири кон непристапен терен и бара дополнителни напори и ресурси за локализација.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека воздушните акции ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, сè додека пожарот целосно не биде изгаснат.
