Пожарот кај Никуштак се гаси со ер-трактори

Пожарот во атарот на село Никуштак, Општина Липково, продолжува да биде активен и се шири кон селата Никуштак–Орланци, Скопска Црна Гора, како и од местото викано Влаин Гроб кон селото Матејче и Манастирот Пресвета Богородица.

Екипи од ЈП НШ, подружница Куманово, се на терен и интервенираат во гасењето на пожарот.

Од 10:00 часот се приклучени и два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои ја поддржуваат акцијата од земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен