Пожарот во Самоков е изгаснат, немало опасност од негово ширење кон фабриката за оружје

Пожарот во Самоков е целосно локализиран и веднаш потоа изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, напиша на каналите за комуникација Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата
Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше
наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.

Територијалната противпожарна единица Македонски Брод интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Зачлени се на нашиот е-билтен