Познати детали од филмскиот грабеж во Гостивар

грабеж во Гостивар

Познати деталите од филмскиот грабеж во Гостивар. Според првичната реконструкција на настанот во Гостива од вчера, на 10.10.2025, четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар.

Ограбувачите одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3”  без регистарски таблички.

Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без регистарски таблички.

Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, пишува во Билтенот на МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен