Ппдгответе се: Од север доаѓа значително ладен бран со обилни дождови и снег на планините

Во Македонија од утре ќе настапи период со пообилни врнежи од дожд и ниски температури.

Веќе утре (петок 16 мај), предвидува Метео аларм, во текот на денот и навечер од север и од североисток ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите, на планините (над 1400/1500 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините  и со висина од над 10 cм снег, особено во крајните западни и северозападни предели од нашата Македонија.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите утре (петок 16 мај) на повеќе места нема да надминуваат 10 степени, а во делови од Македонија тие  ќе бидат и под 10 степени а само во Повардарието тие ќе се искачат до околу 15 степени. На високите планински места тие ќе бидат до близу 0 степени, а на местата со надморска височина од над 2000 метри тие ќе се спуштат  и под нулата.

Поради обилните врнежи кои ги очекувам во следниот период, истите можат да условат зголемување на нивоата на реките  и на езерата во нашата Македонија, а можни се  и локални поплавувања, токму поради ова, бидете крајно внимателни, особено ако се движите покрај реките и водотеците.

Зачлени се на нашиот е-билтен