Пратениците на СДСМ ja поднесоа иницијативата за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Откако вчера беше најавено, денеска пратениците на СДСМ и Коалицијата, до Собранието поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани.

На иницитативата се приклучиле и пратениците од Левица а истата беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените.

„Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност. 

Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа. Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива, активно да учествуваат во процесот, Собранието што поскоро да ја формира и Анкетната комисија да започне со работа“ велат од опозициската партија.

Претходно денеска, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во изјава за медиумите рече дека неговата пратеничка група ќе ја поддржи иницијативата, но само ако покрај „Пулс“ на Анкетната комисија се расправа и за другите трагедии како Модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“.

Зачлени се на нашиот е-билтен