Ако не работеа за 1 Мај од денеска трговците слободно ќе можат да ги формираат цените, откако заврши огранишувањето на маржите од 20 февруари со ограничена бруто-профитна маржа од пет отсто со кои се продаваа млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко и другите производи опфатени во 102 групи производи или над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи.
Изминатите денови, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески рекоа дека мерката дала позитивен резултат, а конечна одлука за евентуално продолжување на мерката ќе биде донесена доколку има потреба.
Министерот за економија најави дека од 1 мај Државниот пазарен инспекторат ќе се врши контроли на терен за да се види дали по завршување на мерката ќе има енормно зголемување на цените на производите.
Владините мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите дадоа само половичен резултат, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. Важноста на владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо, кои беа воведени на 20 февруари, истекува денеска.
Според Трендафилов, синдикалната минимална кошница покажала дека само 6,78 проценти се намалени цените на тие 63 основни прехранбени производи што ги мери ССМ.
За опозициската СДСМ, „место системско решение за ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези што немаат реален ефект“. Според нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата со економската криза туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки.