Од 09:50 часот, сообраќајот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци (Р1102) е прекинат во двата правци, информира АМСМ.
Причината за прекинот е излизгување на машина за чистење снег, што го попречило нормалното движење на возилата. Екипи се на терен и активно работат на расчистување и враќање на сообраќајот во нормала.
На возачите им се препорачува користење на алтернативни правци и зголемено внимание поради зимските услови.