Прекин на водоснабдување во Карпош и Шуто Оризари денеска од 9 часот

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека денеска, среда, 12 ноември 2025 година, на повеќе локации во градот ќе има прекин на водоснабдувањето поради замена на затворач и санација на дефект. Работите започнуваат во 09:00 часот и ќе траат до нивното завршување.

Во Општина Шуто Оризари, без вода ќе останат жителите на следните улици:

  • „Гвадалахара“
  • „Индира Ганди“
  • „Метохиска“
  • „Јован Хаџи Шишко“
  • „Гарсија Лорка“

Причината е интервенција на крстосницата меѓу улиците „Индира Ганди“ и „Гвадалахара“.

Во Општина Карпош, поради дефект на водоводната мрежа на ул. „Прашка“ бр. 50, прекин на водата ќе има дел од корисниците на истоимената улица, исто така од 09:00 часот па сè до завршување на теренските активности.

Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да обезбедат минимални резерви вода за пиење и хигиена, а по нормализирање на снабдувањето се препорачува кратко испуштање на водата поради можност за заматување.

Зачлени се на нашиот е-билтен