Прекини на електрична енергија денеска во Кисела Вода и Петровец

Дел од жителите на општините Кисела Вода и Петровец денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија поради технички активности на мрежата, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Според известувањето од ЕВН Македонија АД, без струја ќе останат:

  • од 08.00 до 12.00 часот – корисниците на ул. „Димитар Мирасчиев“ во Кисела Вода;
  • од 08.30 до 14.30 часот – корисниците на главната улица во селото Дивље, општина Петровец;
  • од 09.00 до 12.00 часот – корисниците на ул. „Христо Татарчев“, крак 15 – Припор, во Кисела Вода.

Надлежните апелираат граѓаните да го планираат своето секојдневно работење согласно најавените прекини.

Зачлени се на нашиот е-билтен