Преку Механизмот за цивилна заштита, досега се евакуирани во болниците ширум Европа, 38 повредени во трагичниот пожар ви Кочани.
Огромна благодарност до македонските медицински тимови за неуморната посветеност и до 🇭🇺🇱🇺🇭🇷🇸🇮🇱🇹🇷🇴🇮🇹🇧🇪🇵🇱🇸🇪🇪🇸🇳🇴 за обезбедениот транспорт и третман на пациентите.
Македонија, на 10 февруари 2012, стана 32. земја-членка на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, со што станува дел од заедницата на европски народи кои заеднички работат за подобра превенција, подготвеност и реагирање во случај на катастрофи.
Со приклучувањето кон Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, земјава се поврза со Европската мрежа за справување со катастрофи со што ќе се овозможи пристап до ресурсите за справување со најразлични природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човечки фактор. Европската комисија управува со Механизмот, преку Центарот за мониторинг и информирање.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој е формиран во 2001 година, ја олеснува соработката при одговор на катастрофи помеѓу европските држави.
Членките на Механизмот имаат корист преку размена на знаења, најдобри практики и проток на информации, да обезбедат меѓусебна помош при катастрофи, но и да помогнат на други земји низ целиот свет. Придобивки од членството во Механизмот за цивилна заштита се:
· националниот орган одговорен за цивилна заштита се поврзува со Центарот за мониторинг и информации на Европската комисија и со надлежните органи од другите земји членки преку заеднички систем за итна комуникација и информирање;
· соработка со ЕУ и земјите членки на Механизмот, во обезбедување на помошта за цивилна заштита и интервенирање во случај на големи опасности и
· вклученост во подготовката и извршувањето на програмите и проектите од заеднички интерес за земјите членки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.