Премиерот е пишман аџија: Нема да има данок за немажени и неженети

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска јавно се извини на сите што ја сфатиле буквално неговата идеја за воведување дополнителен данок за немажени и неженети лица. По завршувањето на седницата на Извршниот комитет на партијата, тој ја ­разјасни контроверзната изјава дадена завчера, објаснувајќи дека станувало збор за намерна провокација со цел да се отвори поширока општествена дебата за драматичниот пад на наталитетот во земјава.

„Нема да има никакви даноци и длабоко се извинувам ако некој погрешно ме разбрал“, рече денеска Мицкоски, додавајќи дека бројките за раѓањата и склучените бракови се „црвен аларм“ кој институциите не смеат да го игнорираат.

Што рече „завчера“?

На 4 јуни, на панел-дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, Мицкоски изјави дека Владата „размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети“, без да понуди детали. Ваквата најава веднаш предизвика бурни реакции во јавноста: граѓански организации ја оценија како дискриминаторска, а опозициските партии како „популистички балон“ што го одвлекува вниманието од суштинските мерки за поддршка на младите семејства.

Зачлени се на нашиот е-билтен