Пресуда за случајот на силување на 14-годишно девојче во Велес: Највисоката казна 5 години и 6 месеци затвор

Основниот кривичен суд денеска ги осуди 13 лица од Велес за сексуално злоставување на 14-годишно девојче. Највисока казна затвор од 5 години и 6 месеци му е изречена на С.Д., додека останатите добија различни затворски казни, од 1 година и 3 месеци до 4 години и 6 месеци. Еден од обвинетите, Б.К., доби условна казна од 2 години, која нема да се изврши ако во наредните 5 години не стори ново кривично дело.

Судот ги задолжи осудените да ги покријат судските трошоци, а петмина од нив ќе останат во куќен притвор до правосилноста на пресудата.

Според обвинителството, главниот обвинет преку „Инстаграм“ воспоставил контакт со девојчето, убедувајќи ја дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба направил порнографски материјал, со кој ја уценувал да учествува на средби каде присуствувале и другите обвинети.

Инцидентите се случувале во станови на различни локации во Велес, каде обвинетите претходно консумирале алкохол и дрога.

Случајот беше откриен во јануари годинава од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Настанот предизвика шок и огорченост во јавноста, а институциите се повикуваат на поостри мерки за заштита на малолетниците од вакви злосторства.

Зачлени се на нашиот е-билтен