Претрес во Општина Кочани: Одземена документација за дискотеката „Пулс“

Претставници на надлежните институции се наоѓаат во зградата на Општина Кочани, каде што подигнуваат документација поврзана со дозволите и регулирањето на работењето на дискотеката „Пулс“.

Министерството за внатрешни работи ја потврдува оваа информација, додека од Обвинителството сè уште нема официјална потврда за влез на обвинители во општинската зграда.

Диско „Пулс“ беше местото на трагичниот пожар кој се случи рано утринава во неделата, при што загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Меѓу загинатите се и членовите на бендот „ДНК“, кои настапувале во тој момент.

Зачлени се на нашиот е-билтен