Претреси на пет локации во Кочани и Скопје, се земаа електронски уреди и други докази за пожарот во Кочани

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Неофицијално ќерката и сопругата на сопственикот на кочанската дискотека „Пулс“ се повикани на распит во полиција.

Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен