Претреси на пет локации во Скопје во акција против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“

Под раководство на обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје.

Акцијата, како што информираат од ЈОРСМ е резултат на обезбедени докази во рамки на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.

Со повеќе информации Обвинителството ќе излезе во текот на денот.

Зачлени се на нашиот е-билтен