Пријавен случај на подметнување пожар

Снимен пироман во Делчево – локалните власти со апел за претпазливост

Во вечерните часови на 9 јули, во делчевската населба Први Реон, безбедносна камера регистрирала лице како подметнува пожар, по што веднаш побегнало од местото на настанот. Инцидентот бил пријавен до надлежните служби од страна на жител на Делчево.

Снимката веќе е предадена на истражните органи, а случајот е предмет на понатамошна истрага.

Локалните власти упатуваат апел до граѓаните за зголемена внимателност и одговорност, особено во услови на високи температури и сува вегетација. „Секое намерно предизвикување пожар може да има сериозни последици по животната средина, имотот и безбедноста на луѓето. Апелираме до сите граѓани да пријават какво било сомнително однесување“, стои во соопштението.

Истрагата е во тек, а институциите најавуваат засилени контроли и соработка со јавноста за спречување на слични инциденти.

Зачлени се на нашиот е-билтен