Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишен осомничен за насилство, кој на 21 март попладне, на обиколницата кај Стајковци, мавтал со полициска значка што припаѓала на неговиот татко, а потоа извадил нож и нападнал друг возач.
Според обвинителството, осомничениот управувал „Фолксваген голф“ и при обид да го пресече патот на возач на „Сеат леон“, му ја покажал значката, создавајќи впечаток дека е полицаец. Оштетениот, мислејќи дека станува збор за законска наредба, запрел и се приближил до возилото на осомничениот.
Во тој момент, 20-годишникот почнал да го навредува, а потоа извадил нож и му нанел телесни повреди. По нападот, избегал од местото на настанот.
Јавниот обвинител предложи притвор, сметајќи дека постои ризик осомничениот да побегне и да ја избегне кривичната одговорност.