Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Приватна 22-ка два дена го попречува сообраќајот на Партизанска, никој не реагира

Веќе два дена без никакво објаснување стои паркиран автобус на булеварот Партизански Одреди и го попречува нормалното одвивање на сообраќајот и влезот кон паркингот на граѓаните кај трите кули од Градски ѕид.

Дали автобусот има дефект или возачот живее во соседството па си го паркирал пред зграда е непознато, но нејасно е зошто никој не реагира и зошто полицијата не го казнува и не му наложи да го тргне возилото. Станува збор за автобус кој би требало да вози на линија 22 од Волково до Транспортен центар, со валидни регистерски таблички, што би значело дека лесно можат да утврдат кој е возачот.

Инаку, како што е познато, приватните превозници со месеци возат само попладне, а за тоа не сносат никаква одговорност што не се придржуваат до договорот со Град Скопје и до возниот ред.

Очигледно дека не сносат одговорност и кога ги прекршуваат сообраќајните правила.

Зачлени се на нашиот е-билтен