Синоќа биле приведени 17 лица поради непочитување на седумдневната жалост поради трагедијата во Кочани.
Како што соопшти МВР, овие 17 лица биле приведени под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.
Најмногу, 12 лица, од кои едно малолетно, биле приведени во Прилеп.
Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука.
„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира МВР.