Двајца млади кавадарчани биле приведени на Градскиот стадион во Кавадарци за време на фудбалскиот натпревар меѓу ГФК Тиквеш и ФК Вардар, поради непочитување наредби од полицијата, информираше СВР Велес.
Според соопштението, лицата И.П. (34) и Д.И. (28) биле приведени вчера во 18.10 и 18.15 часот. По документирањето на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.