Три лица од Кривопаланечко вчера беа лишени од слобода по инцидент во кој агресивно се спротиставиле на полициски службеници и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), соопшти МВР.
Инцидентот се случил на 2 декември околу 16 часот во село Трново, на местото викано „Самоков“. Полициските службеници од Крива Паланка ги привеле 57-годишниот Г.Ѓ. и неговите две ќерки, на возраст од 30 и 22 години, сите жители на селото Жидилово.
Според полицијата, тројцата се однесувале агресивно, физички ги попречувале полицајците кои давале асистенција на инспекторите од АХВ и го оневозможувале собирањето крупен добиток на терен. Осомничените упатувале и закани кон неколку соселани, создавајќи сериозна безбедносна состојба.
За случајот е известено надлежното обвинителство. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

