Во координирана акција по наредба на ОЈО Кочани, приведени се последните тројца градоначалници на општината во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, каде животот го загубија 59 лица.
Меѓу приведените се Ратко Димитровски, поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Николче Илијев од СДСМ и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Според првичните информации, тие се осомничени за одредени пропусти или неправилности во постапките кои можеби придонеле за катастрофалните последици.
Обвинителството истакна дека повеќе информации ќе бидат соопштени откако акцијата ќе биде целосно завршена, а јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден.