Продолжува хаосот на македонските патишта: 21.178 сообраќајни прекршоци во месец мај

Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Така, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, додека пак за управување без возачка дозвола евидентирани се 2114 прекршоци.

Покрај ова во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти. Исто така регистрирани се 775 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, 1203 прекршоци за неносење сигурносен појас, 744 санкционирани возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига.

По основ на ЗБСП биле изречени и санкции за 567 возачи кои што учествувале во сообраќај со недозволено количество алкохол во крвта, и уште 113 возачи коишто се казнети за минување на црвено светло.

По основ пак на Законот за возила минатиот месец биле изречени 153 мерки за технички неисправни возила и уште 500 прекршоци за возила кои што учествувале во сообраќај без валидна регистрација.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен